header1
dolelevo
middle
За нас
Резиме
Услуги
Истражувачки Проекти
Контакт

ЕКОЛОГИЈА И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

 

Овие оддели работа на полето на заштита при животната средина, заштита при работа, заштита од пожари, покривајќи ги сите области на работа на Рударскиот Институт.
Со развојот на индустријата на минерали и рударството, се појавија комплексни проблеми од областа на заштита при работа, заштита од пожари и заштита на животната средина, кои при решавањето бараа посебни научно-истражувачки и технички методи и соодветни решенија.
Со активноста на овие оддели се покриваат следните активности:
- заштита на животната средина,
- вршење на хемиски и технолошки анализи во лабораториски услови,
- вентилација во рудници и отпрашување,
- заштита при работа,
- заштита од пожари,
- услови при работа.
Одделот за заштита на животната средина располага со опрема за мерење на хемиско загадување, гасни и цврсти аеросоли и опрема за континуирано мерење на емисијата на полутанти од оџаци на топлани и вентилациони канали од индустриски објекти.
Во почетните години активностите беа насочени кон решавање на распираторните проблеми кои се појавуваа во рудниците од технолошката прашина, а кои се решаваа со вентилација и влажно отпрашување.

Воспоставени се научно-истражувачки активности од оваа област на долгорочна основа, со соодветни договори со Министерството за образование и наука, рудниците Злетово, Саса и Тораница, и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
backkk
 
Copyright © 2005 RI ENERGY