РУДАРСТВО - Минерално Процесирање
Овој оддел се занимава со научно-истражувачка и проектантска дејност од областа на припрема на минералните суровини. Овој оддел врши технолошки лабораториски, полуиндустриски и индустриски испитувања, изработува идејни и технички – главни технолошко-машински проекти, врши ревизија – нострификација на домашна и странска техничка документација, воведува процесна автоматизација на машините, уредите и индустриските технолошки процеси.
Овој оддел е организиран во четири групи:
- технолошки, лабораториски и пилот истражувања,
- обоени метални суровини,
- останати метали, неметални и енергетски суровини,
- технолошко-машинско проектирање.
со цел да се покријат потребите на индустријата за преработка на минерали.
Во изминатиот период, главно во директна соработка со рудниците од Македонија, извршени се поголем број на научно-истражувачки проекти, и е изработена обемна техничка документација за подготовка и збогатување на корисните минерали: олово, цинк, пирит, бакар, благородни и ретки метали, неметали и енергетски суровини.
|

|